Вкупно осум лица уапсени за дрога во Скопје

Денеска по полноќ и вчера полицијата апсеше за дрога во повеќе скопски општини. 

-На 01.12.2022 во 01.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода К.М.(24) од Крива Паланка и А.А.(31) од Гостивар, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.
-На 30.11.2022 во 22.45 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Л.Д.(26) и Б.Ј.(27), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. 

-На 30.11.2022 во 21.40 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Ѓ.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

-На 30.11.2022 во 20.40 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(25) од Исланд, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

-На 30.11.2022 во 22.40 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.К.(40) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

-На 30.11.2022 во 21.35 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По документирање на сите поединечни случаи против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.