Вкупно 27.326 прекршоци за неносење заштитна маска

Полициските службеници се во првите редови во справување со пандемијата од Covid19 и тие во континуитет преземаат мерки за контрола на почитување на одлуките на владата.

Во таа насока, од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 27326 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 444 прекршоци во изминатото деноноќие.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќи извршени се 99 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

На територијата на целата држава на вкупно 197 лице им се издадени решенија за изолација, а 4 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што се евидентирани 2 лица кои не ги почитувале овие мерки.

-Во оваа прилика уште еднаш апелирам до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и сите заеднички да придонесеме што побрзо животот да биде вратен во нормала, вели министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.