Вистинскиот маж нема да дозволи да ја изгуби жената од неговите соништа

Ако мажот сака да бидете дел од неговиот живот, ништо нема да го спречи да биде со вас. Од друга страна, ако тој нема чувства за вас, тогаш ништо нема да го присили да биде со вас. Можете да направите сè за да го направите среќен, но и покрај вашите напори, ако неговите чувства не се вистински, тој нема да сака да биде со вас.

Морате да го прифатите тоа, а не да ја игнорирате вистината. Подобро е да ве повреди со вистината, отколку да ве скрши со лаги. Ако ве сака и ако вие сте жената од неговите соништа, тогаш ништо нема да го спречи да ве освои. Љубовта не е толку тешка како што многумина мислат. Можеби му се допаѓате, но не доволно. Не би требало да бидете со некој кој е рамнодушен кон вас, кој не се обидува да ве направи најсреќни на светот. Ако не сака да го направи тоа, тогаш не е подготвен да вложи напори за заедно да бидете среќни.

Мажот кој ќе остане со жената која не ја сака доволно, секогаш ќе очекува премногу од неа. Можеби ќе очекува вие да ги правите сите работи во врската или вие да се трудите повеќете околу него. Затоа запомнете: Ако човекот не се труди, тогаш не треба да бидете со него. Доколку навистина ве сака, за него нема да има препреки за да биде со вас! Ќе се труди најмногу што може, затоа што знае дека вие го заслужувате тоа. Можеби мажите не знаат како да ги изразат своите чувства, но тоа обично го покажуваат со дела. Ако сте жената од неговите соништа, нема да биде „неподготвен“. Нема да бара изговори за тоа зошто не може да биде со вас.

Дури и ако е многу зафатен, секогаш ќе најде време за да биде со вас. Ако сте љубовта на неговиот живот, ништо нема да му биде тешко. Вистинскиот маж не се крие зад изговори. Тој нема да ризикува да ја изгуби жената од неговите соништа!