Вистински показатели: Седум знаци дека сте попаметни отколку што мислите

Памет е способност за користење на интелигенцијата, знаењето и искуството заедно, со цел да се снајдеме и да се адаптираме кон одредени ситуации.  Одредени знаци може да ви покажат дека сте попаметни од што мислите.

Строги сте кон себе

Една од работите кои најмногу ве фрустрира е кога не можете нешто да разберете. На паметната глава како што сте вие многу и смета кога ќе наиде на нешто што не е способна веднаш да го разбере. Зошто е така? Затоа што во принцип многу лесно ги сфаќате работите па кога ќе запнете некаде, почнувате да се сомневате во себе.

Свесни сте за светот околу себе

Паметните луѓе обично се многу свесни за светот околу себе, а тоа го покажуваат со тоа што многу читаат и гледаат вести. Сакаат да бидат во тек, па макар тоа да значи и само да се листаат информации на Твитер. Сакаат да знаат што се случува околу нив и да бидат упатени во проблемите кои ја погодуваат земјата во која живеат, но и во светот. Дури и ако станува збор за површен интерес, тој постои.

Често сте погрешно сфатени

Можеби вашата смисла за хумор е премногу софистицирана. Можеби вашиот вокабулар е пресложен. За што и да се работи, не е реткост паметните луѓе да бидат погрешно сфатени. И тоа не е ваша грешка, тоа е само начин на кој паметните луѓе одат низ животот. Поради тоа постојано мораат да им објаснуваат на другите што навистина мислат и на некој начин да се оправдуваат.

Имате паметни пријатели

Паметните луѓе се склони кон тоа да се опкруживаат со паметни луѓе. Па кој сака да биде опкружен со луѓе кои не ги разбираат вашите шеги? Вашите пријатели ве разбираат и може да се поистоветуваат со вас, што значи дека сте еднакво паметни како нив. А со оглед на тоа дека тоа се ваши пријатели, имате високо мислење за нив. Тие на ист начин размислуваат за вас.

Имате големи очекувања од самите себе

Од паметните луѓе се очекува да прават големи работи. Во детската возраст, посебно паметните луѓе се понапредни од своите врсници, поради што имаат големи планови и очекувања за сопствената иднина, без разлика дали се работи за тоа да најдат добар факултет или да напредуваат во сопствената кариера. А каква и да е целта што си ја поставиле, очекуваат и дека ќе ја постигнат.

Сакате друштвени игри, загатки и логички игри

Многу паметни луѓе уживаат кога вниманието им е зафатено со игри кои бараат логика и размислување, а ги поттикнуваат нешто да откријат и да разберат. На пример, многу паметни луѓе обожаваат да решаваат крстозборки, да играат карти и друштвени игри. Таквите активности бараат размислување и концентрација, што им годи на паметните глави бидејќи на тој начин се стимулираат.

Другите ви кажале дека сте паметни

Поголем број од паметните луѓе не сакаат за себе да мислат дека се паметни. На тоа гледаат како на фалење, иако тоа е само изнесување на фактите. Значи, како ќе знаете со сигурност дека сте паметни? Така што другите ќе ви кажат дека сте паметни. Паметните луѓе привлекуваат многу внимание, особено во училишното и во работното опкружување. Затоа прифатете го својот голем ум и уживајте.