Вистинската љубов е тешка и токму тоа ја прави толку бесценета

Вистинската љубов е сложена и тоа е сосема во ред. Понекогаш, работите кои ја прават љубовта тешка се работите кои ја прават бесценета. Љубовта е најубавата и најмагичната работа која некоја личност би можела да ја доживее на овој свет.

Може да направи да се чувствувате како да летате во близина на сонцето, а да не чувствувате дека ви горат крилјата. Понекогаш, ќе бидете повредени поради љубовта. Тоа е дел од работата. Тоа е возвишена битка во која можете да се сопнете и да се струполите на патот. Понекогаш ќе чувствувате како нешто да ве удрило. И потоа сфаќате дека не е секогаш лесно.

Вистинската љубов нема врска со љубовта која ја прикажуваат на филмовите или со љубовта за која се пишува во романите. Вистинската љубов е многу посложена од фактот дека на двајца им е судено да бидат заедно. Тука не се работи само за двајца привлечни луѓе кои се сретнуваат и сфаќаат дека имаат нешто заедничко, па потоа одлучуваат да бидат заедно до крајот на својот живот.

Љубовта нема секогаш да биде над вашата глава. Нема секогаш да бидете маѓепсани еден од друг. Нема секогаш да бидете опиени од слатки зборови. Ќе има времиња кога нема да сакате да се погледнете во очи. И тоа е океј. Тоа е дел од вистинската љубов. Затоа што љубовта не треба да биде место во кое сонцето секогаш сјае и место полно со виножита.

Љубовта може да продре во кожата на другата личност, може да се види и надвор од човечкото битие. Вистинската љубов е кога можете да се отворите на друга личност и да и се препуштите во целост. Не можете да одберете делови кои вие сакате да ги прикажете. А другата личност не може да избира во кои делови ќе се заљуби.

Морате да бидете отворени и да се покажете себеси целосно, баш онакви какви што сте. И мора да бидете во состојба да прифатите дека не сте совршени, но другата страна мора да биде подготвена да ве сака и покрај вашите несовршености. Љубовтна не е целосно искуство доколку нема несовршености. Љубовта е чувството кога знаете дека и понатаму сакате да бидете со таа личност и покрај сите недостатоци. Во љубовта најважно е прифаќањето.

Вистинската љубов е кога обрнувате внимание дури и кога сте уморни од слушање нешто што не ве интересира. Љубов е кога водите тешки разговори кои би можеле да водат до кавги и повредени чувства. Но, вистинската љубов е и кога луѓето можат да се најдат на пола пат и да најдат начин да ги решат проблемите.

Љубовта е и меѓусебно љубење на емотивните рани сѐ додека не заздрават. Љубовта е и прошка и компромис. Се работи за способноста за сочувство и разбирање. Љубовта ќе биде присутна, без оглед на тоа колку сте лути еден на друг.

Вистинска љубов е и да признаете дека вашиот партнер е човечко суштество со свои мисли и чувства и дека заслужува да го сослушате. Љубовта е сфаќањето дека комуникацијата не е секогаш изразувањето на сопственото јас, комуникација значи и можност да ја слушнете другата страна и да се обидете да го разберете тоа што ќе го каже. Се работи за тоа да се обидеме да ги видиме работите од перспективата на другата личност за да можеме подобро да се разбереме.

Љубов е кога ќе си дојдете дома после долг работен ден и да сфатите дека сите стресови, грижи и несигурности во животот си заминуваат во моментот кога ќе ја здогледате вашата љубов. Љубовта е кога ќе успеете да пронајдете удобен дом во очите на друг човек.

Љубов е кога вам ви е добро и кога ви е лошо. Љубов е кога во еден момент се смеете, а кога во следниот момент плачете. Љубов е кога шепотите слатки зборови. Љубов е и кога се дерете еден на друг.

Љубовта никогаш не била создадена со цел да биде лесна. Но, секогаш ќе биде бесценета. Затоа не се плашете кога поминувате низ тешкотии во животот. Затоа што, после сѐ, како што велат, вреди да се помачите за најдобрите работи кои животот ги нуди.