Вистинска љубовна приказна која го освои целиот свет

Животна приказна како од филм, нивната средба била судбоносна, а и покрај сите препреки, тие денес уживаат во заедничката среќа. Ова е љубовна приказна која ќе ве разнежни.

Во далечните џунгли на Индија Прадајумна Кумар Маханандиа роден е во голема сиромаштија и дискриминација. Неговото семејство припаѓало на најниската класа. Тоа се луѓе кои биле презирани од отфрлани од останатите, а често биле и малтретирани физички и на нив биле фрлани камења. 

Малиот Прадајумна немал голема надеж за својата иднина.Кога тој бил мал, на неговата мајка и кажале дека тој ќе се ожени со жена од далечна земја  која свири флејта и дека ќе биде многу среќен. 

Кога бил млад,  го напуштил своето село и заминал за Њу Делхи. Сиромашен и сам, спиел на автобуските станици и во телефонските говорници. За да преживее, сликал портрети на улица. Еден ден, на 17 декември 1975 година, загледал висока жена со светла коса. Кога му пришла, видел дека има изразено сини очи. Срцето му зачукало силно, се чувствувал како да ја губи тежината. Со нежен глас го прашала дали би сакал да наслика нејзин портрет. Тој се согласил, но бил многу нервозен кога ја земал четката во раце, па ја замолил жената да дојде утре повторно.

Целата ноќ не можел да заспие од возбуда, прашувајќи се дали можеби тоа е жената на неговиот живот. 

Шарол се вратила следното утро повторно, а кога седнала почнал да и поставува неколку прашања:

Дали сте од далечна земја?

Да, јас сум од Шведска, одговорила Шарлот.

Потоа ја прашал дали свири некаков инструмент.

Свирам флејта и клавир, одговорила таа насмевнувајќи се. 

Тој и рекол дека било судбина да се сретнат, а на Шарлот и било малку непријатно.

Иако биле од различни средини, сепак ги преплавила љубов на прв поглед. Шарлот која поминала цел месец во Индија, секој ден го поминувала со него. Потоа морала да се врати во Шведска.

Според пророштвото, Кумар би требал да ги следи нејзините стапки, но тој немал доволно пари за авионска карта. Продал неколку работи кои ги имал, сите четки и платна кои ги поседувал и потоа со нив можел да си дозволи да си купи само велосипед. Го напуштил Њу Делхи со идејата дека мора да се бори за жената која ја сака.

Така и започнало неговото патување од Индија до Шведска, долго повеќе од 8000 километри. На патот до кај Шарлот запознал прекрасни луѓе. Некои му дале храна, а некои и го примиле во нивниот дом. Возел низ Пакистан, Авганистан, Иран, Турција, поранешна Југославија, Австрија, Германија и Данска. Често спиел под ѕвездите, сонувајќи ја Шарлот.

Конечно по 4 месеци напорен пат, повреден и уморен, дошол во нејзините прегратки. Заљубената двојка брзо се венчала, а дене имаат 2 деца. 

Нивната приказна покажува дека вистинската љубов често бара борба и посветеност, но дека таа може да ги победи сите препреки.