Вистинска љубовна приказна која ги победува сите пречки овие денови

Ова е приказната на Џереми Коен, која ја сподели на социјалните мрежи. Таа ќе ви ја врати вербата во романсата.

Додека седев на својата тераса, забележав девојка која танцува на една тераса од соседната зграда. Но, си реков: како да и пријдам, не можам да излезам од дома. Се насмевнав, а таа ми возврати.

Сепак, Џереми не се откажал и и испратил порака со помош на дрон. 

На ливчето хартија, го оставил својот телефонски број, а наскоро добил и порака: Здраво, јас сум девојката од терасата.