Вистината позади IQOS цигарите

Во изминатите неколку години, особено, станаа популарни електронските цигари кои се сметаат како поздрава и подобра опција во односн на стандардниот тип на цигари. Најголем дел од корисниците се одлучуваат да ја користат електронската цигара IQOS, но од неодамна за истата излезе и вистината.

Минатиот месец, беше спроведено истражување од страна на експерти за пиролиза од Британскиот Универзитет „Нотингем“ со кое се открија „хемиски докази дека емисиите на IQOS одговараат на дефиницијата и за аеросол и за чад“.

Резултатите од ова истражување беа објавени и во списанието Омега на Американското хемиско здружение, каде водечкиот автор, Клемент Угуна, рече дека емисиите на IQOS содржат хемиски соединенија кои се среќаваат „во нормалниот чад од тутун, односно согорувањето на тутунот и чадот од цигарите“.

Весникот исто така посочи дека цигарите кои се користат со IQOS уредот се многу помали од обичните цигари, па затоа содржат околу 200 милиграми тутун, во споредба со 645 милиграми тутун што ги содржи стандардна цигара.

Ова истражување посочува дека не е точно дека цигарите кои се користат со IQOS уредот произведуваат 90-95 процент помало ниво на чад во споредба со чадот од обичните цигари. Податоците од новото истражување на Универзитетот посочуваат дека се работи за само 68 отсто кога се споредува содржината на тутун помеѓу стандардната цигара и цигарите кои се користат со IQOS уредот.