Викендов нè очекува вистинска пролет

Повремени врнежи од дожд, а на планините повремен снег се очекуваат во текот на утрешниот ден. Ќе дува умерен, а долж Повардарието, повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Минималните температури утре ќе се движат од 0 до 6 степени, а дневните ќе достигнат до 14 степени.

Во четврток, минималните температури ќе бидат од 1 до 7 степени, а дневните од 12 до 19 степени. Во петок и сабота дневните температури ќе бидат повисоки, особено во сабота кога максималната температура ќе се движи од 14 до 22 степена.