[ВИКЕНДОВ] Хепенинг за љубителите на електрoнската музика во Скопје

Викендов во Скопје ќе се оддржи еден поинаков настан, кој за љубителите на електронската музика претставува вистински хепенинг.

Во сабота, 9 април, со почеток во 23.00 часот, ќе се одржи второто издание на Red Sound District фестивалот. Како и минатата година, журката повторно ќе се случува во култниот МКЦ. Концептуално, RSD претставува средба на два града: Aмстердам и Скопје. Па така, и годинава имаме гости од Холандија кои ќе ја разиграат публиката. Внимателно одбраниот лајнап е составен од гостите: Florinsz Janvier, Francesco Robustelli Live, ME.N.U. и David Hülsken, додека домашна поддршка ќе бидат Mirko Popov, Nikola Simonovski и Vidinovski. Артистите ќе бидат поделени на два стејџа, а организаторите очекуваат одлична забава која ќе трае до раните утрински часови.

Извонредното прво издание на Red Sound District привлече голем број на посетители, кои не останаа рамнодушни на фантастичната музичка селекција на перформерите. Како што велат организаторите, токму реакциите на публиката се мотив за повторно организирање на настанот, и за годинава ветуваат уште подобра журка од минатата година.

Влезниците се веќе во продажба по супер цена од 150 денари. На денот на настанот цената ќе биде иста до полноќ, за потоа да порасне на 200 денари. Истите може да се набават на билетарата во МКЦ. Поради лимитираниот простор, влезниците се во ограничен број.