Лила Стојановска откако ја победи најважната битка во животот, реши животот да го живее на максимум, па се почесто можеме да ја видиме како со пријателките патува и го шета светот. Така и викендов таа уживаше со познатата водителка Биг мама, на две необични дестинации. Тие две најпрво го посетија Сингапур. Се качија на највисокиот отворен базен во градот и уживаа во погледот, а потоа заминаа на Бали, па го живеат "второто лето" годинава, на плажа.
За разлика од нив, атрактивната фитнес кралица - Ана Стојанова, реши да го прошета соседството, па во Белград уживаше во кафанса атмосфера, со сопругот беше на кабаре во познатиот угостителски објект "Ла фајет" и со пријателките на долгоочекуваниот концерт на Дино Мерлин.
За Ламбе Алабаковски вчерашниот ден беше многу значаен, затоа што тоа е денот кога се роди неговиот син Михаил, па тој вчера на социјалните мрежи и јавно му го честиташе роденденот, објавувајки преслатка фотографија од него.
Поранешната водителка на Бекстејџ, Миа Костова па убавото време за викендот и денес, го искористи за прошетка до нашиот туристички бисер - Охрид.