Викенд хороскоп: Животот се менува од корен за некои знаци

Денеска Марс влегува во огнениот Лав, а одредени знаци ќе бидат најпогодени од тоа.

Марс преминува од нежниот Рак во амбициозниот Лав, а тој е планета која владее со достоинството. Ова е силна енергетска промена која особено ќе ги погоди родени во знаците Лав, Овен и Стрелец. За нив, доаѓа силна енергија и потреба да победуваат.

Големи промени доаѓаат и за Шкорпиите, каде ќе постои дополнителна тврдоглавост, но и истрајност и решителност да се победи во животот. Следните два месеци носат промени и за Биковите кои треба мирно да ги прифатат бидејќи сето тоа е за добро, а тие се познати како знак кој не ги сака промените.

Под најголем притисок овој викенд ќе бидат знаците Бик, Лав, Шкорпија и Водолија.

Викендот носи потреба да се донесат големи одлуки, а за некои знаци ќе се промени животот од корен. Лесен и мирен викенд ќе имаат родените во знакот Вага, а можат да се опуштат и Јарците и Раковите кои ќе се соочат со убав викенд со смирена енергија без тензии. 

Девиците и Рибите се чувствуваат изолирано од светот, но тоа сега им е потребно за да ги наполнат батериите.