Викенд хороскоп: Романтични денови за Биковите, фокус на финансиите за Близнаците

Што ни носи викендот меѓу 14 и 16 јануари?

Овен

Месечината во Близнаци ја поттикнува вашата енергија и става фокус на комуникацијата и меѓучовечките односи. Меркур е ретрограден, но и покрај тоа ова е одлично време да се поврзете со оние со кои не сте се слушнале или виделе во последно време. Во недела, Месечината преминува во Рак и ќе се ви донесе фокус на домот и семејството, а тригонот меѓу Месечината и Јупитер ви носи одлично дружење со саканите.

Бик

Меркур е ретрограден и најмногу ќе влијае на вашето поле на кариера, но ќе ви донесе можност да размислите за својот професионален живот и каде се движи вашата кариера. Месечината во Близнаци го насочува вашето внимание кон финансиите, но подоцна во недела таа преминува во Рак и ве повикува да се поврзете со својата заедница, додека пак опозицијата на Месечината и Венера во недела попладне ве носи кон нова романтична врска. Уживајте. 

Близнаци

Вие сте еден од знаците кои највеќе ќе го почувствува движењето на ретроградниот Меркур бидејќи тој е вашата владејачка планета. Во сабота, Месечината е во вашиот знак и ве поврзува со луѓето кои ви значат,  а во недела таа преминува во Рак и фокусот преминува на вашите финансии, а тригонот со Јупитер ви носи одлична можност да се посветите на вашиот буџет.

Рак

Во петок, Меркур станува ретрограден во вашата осма куќа, носејќи ви можност повторно да ја разгледате соработката со некои личности и да се посветите на иднината. Месечината во Близнаци ја нагласува вашата интуиција додека се движи низ вашата мистична дванесетта куќа. Во недела, таа преминува во вашиот знак во вашата прва куќа и става фокус на себеси, а тригонот со Јупитер ги открива вашите најдобри особини.

Лав

Меркур се движи ретроградно во вашата седма куќа на партнерства, што значи дека можни се мали конфликти и недоразбирања на полето на љубовта. Во сабота навечер и недела, Месечината е во Рак и ја осветлува вашата куќа на соништа и интуиција. Посветете се на себеси и послушајте ја својата интуиција за сето она што ви е важно овој период. Ќе дојдете до важни сознанија.

Девица

Вашата владејачка планета Меркур тргна во својот ретрограден од во петок, па можно е да се чувствувате нервозно. Но, наместо да се нервирате бидете нежни кон себеси и издржете го овој предизвик. Во сабота и недела, Месечината во Рак позитивно ќе влијае на вашите пријателски односи, а тригонот со Јупитер ве повикува да поминете некое време забавувајќи се, без грижа на совеста.

Вага

Вашата креативност добива дополнителен поттик кога Меркур ќе почне да се движи ретроградно во петок, а Месечината во Близнаци ви носи шанса лесно да ги изразите своите идеи и можности. Во сабота и недела, Месечината во Рак го осветлува вашиот професионален живот, додека пак тригонот со Јупитер ви носи нови можности. Месечевата опозиција со Венера ја поттикнува вашата желба за љубов.

Шкорпија

Одредени ваши активности ќе бидат под влијание на Меркур и би можеле да останат недовршени додека оваа планета е ретроградна, до 3 февруари. Месечината во Близнаци ја подобрува вашата комуникација со блиските и вашите соработници, а кога таа ќе премине во Рак во сабота навечер ќе биде поттикната вашата желба за авантура. 

Стрелец

Месечината во Близнаци ја осветлува вашата куќа на партнерства, па испланирајте убав  романтичен состанок со личноста која ви значи. Ретроградниот Меркур присуствува во вашето поле на комуникација, а тоа ќе ви донесе можност за важни разговори со саканата личност. Во сабота навечер и недела, полната Месечина во Рак ја осветлува вашата осма куќа на интимност, а тригонот со вашата владејачка планета Јупитер широко го отвора вашето срце.

Јарец

Меркур е ретрограден во вашата втора куќа на финансии, поттикнувајќи ве да се посветите на овој дел од вашето функционирање. Месечината во Близнаци во вашата шеста куќа на здравје и добросостојба ве поттикнува да водите грижа за себеси, а кога таа ќе премине во Рак ја осветлува вашата седма куќа на партнерства и со тригонот со Јупитер ви носи можност да го отворите своето срце и да ја покажете својата нежна страна.

Водолија

Ретроградниот Меркур е во вашиот знак во вашата прва куќа што ви дава можност да утврдите каде сте и каде се движите понатаму. Месечината во Близнаци ја поттикнува вашата креативност  а кога ќе премине во Рак во сабота навечер фокусот е на вашето здравје и добросостојба. Притоа, тригонот на Месечината со Јупитер ве повикува да сте умерени и да се посветите на уживање.

Риби

Вашиот духовен живот е во фокусот за време на владеењето на ретроградниот Меркур во вашата дванаесетта куќа. Месечината во Близнаци го осветлува вашиот дом, правејќи го одлично место за љубов и разбирање. Во сабота и недела, Месечината во Рак ја поттикнува вашата креативност и страст, а тригонот со Јупитер прави да ги цените своите таленти и способности.