Викенд хороскоп: Лавовите почнуваат да веруваат во љубовта

Што ни носи хороскопот овој викенд?

Овен

Полната Месечина и лунарната еклипса ги ставаат вашите финансии под микроскоп, така што лесно ќе можете да утврдите што функционира, а што не. Ова е ваша можност да се занимавате со долгогодишните проблеми и да ги направите промените кои се неопходни. Наместо да се лутите, искористете ја енергијата за да направите план на акција кој ќе ве однеси таму каде што сакате. Направете план за акција кој ќе ве однесе таму каде што сакате да бидете.

Бик

Полната Месечина е во вашиот знак а тоа ве носи кон ревизија на некои ваши одлуки. Месечината во Близнаци во сабота се соочува со вашата владејачка планета Венера и ја зголемува вашата чувствителност и креативност. Тригонот на Месечината со Јупитер во недела може да ви донесе финансиски благослов. 

Близнаци

Ако вашите соништа се исполнети со луди цели и силни сознанија, тоа се должи на лунарната еклипса во Бик, која минува низ вашата дванаесетта куќа на духовност и соништа. Потиснете ги потсвесните мисли и дајте си можност да се промените. Месечината во Близнаци во сабота ви носи чувство на пријатност и свежа енергија.

Рак

Полната Месечина во Бик во вашата единаесетта куќа ви помага да испитате одредени пријателства и односи. Секоја врска која ја имате или ве влече надолу, ќе биде испитана низ еден поинаков агол кој ќе ви помогне да продолжите напред. Кога Месечината ќе премине во Близнаци, тоа ќе ви помогне да дојдете до значајни сознанија за тоа што сакате да го постигнете до крајот на оваа година.

Лав

Вашата кариера и успех се ставени под лупа за време на лунарната еклипса. Не ги потиснувајте своите чувства и проблеми. Засукајте ги ракавите и фокусирајте се на она што сакате да се промени. Бидете подготвени да се занимавате со она што ви е на ум овој период. Месечината во Близнаци ви носи почеток на љубовна врска со некој од вашите пријатели и гледање на љубовта низ поинакви очила.

Девица

Бидете подготвени да го преиспитате својот однос со своите ставови и начинот на кој ги пренесувате пред другите. Лунарната еклипса минува низ вашата деветта куќа, а тоа ви носи можност да го смените тоа што ве ограничува. Викендот ви носи моќна трансформација.

Вага

Оваа лунарна еклипса ви носи прашања поврзани со интимноста и начинот на кој се поврзувате со другите и минува низ вашата осма куќа. Можно е да не успеете да го постигнете сето она што сте го замислиле. Месечината во Близнаци ве повикува да се забавувате за време на викендот.

Шкорпија

Лунарната еклипса ги вади тајните на површина и ова е транзит кој нема да ви дозволи ништо да скриете. Имате можност да бидете свесни за тоа што ве спречува да имате квалитетна врска со оние кои ви значат. Секстилот меѓу Плутон кој е ваша владејачка планета и Меркур ви носи сознанија, силна свест и длабока трансформација.

Стрелец

Бидете подготвени да направите важни промени во начинот на кој се грижите за себеси, вклучувајќи во своето здравје и секојдневни навики. Месечината во Бик е во вашата шеста куќа ставајќи ви навиките (добри и лоши) на тест. Потоа Месечината преминува во вашата седма куќа на партнерства, додека пак во недела тригонот со вашата владејачка планета Јупитер ве приближува кон саканата личност.

Јарец

Креативноста и страста се на нишан на полната Месечина во Бик додека минуваат низ вашата петта куќа. Исто така ќе имате можност да си поставите важни прашања за вашиот пристап кон романсата и љубовта. Бидете подготвени да направите неопходни промени за да подобрите некои области во вашиот живот.

Водолија

Домот и семејството се во центарот на вниманието за вас овој викенд. Бидете подготвени да се занимавате со прашања кои се поврзани со домот и луѓето кои ги сакате. Во недела, ќе се чувствувате особено креативно и сензитивно, па поминете го овој ден посветени на некое хоби.

Риби

Не можете а да не ги забележите работите кои треба да се променат во вашите животи за да можете да напредувате. Ќе имате можност да го направите тоа, но треба да минете време сами во самоанализа, без да се обвинувате за грешките од минатото.