Викенд хороскоп: 5-8 август

Што ни носи хороскопот овој викенд?

Овен

Во петок настапува опозицијата меѓу Месечината во Шкорпија и вашата владејачка планета Марс што ќе ве направи импулсивни и склони кон брзи реакции и бес. Пробајте да ги избегнете ситуациите кои би можеле да ве однесат во таа насока. Месечината во Стрелец во сабота и недела се усогласува со вашата огнена енергија и ве инспирира да ги проширите своите видици, да се забавувате и да уживате. Во недела, тригонот меѓу Месечината и Јупитер во Овен прават чуда за вашата самодоверба. 

Бик

Во петок, Марс во Бик и се спротиставува на Месечината во Шкорпија и ве прави раздразливи и склони кон конфликти со оние кои ви се најблики. Во сабота, тригонот меѓу Нептун и Месечината ви помага да ги средите работите и поинаку да дишете и функционирате. Во недела, вашата владејачка планета Венера е во тригон со Нептун, будејќи ја вашата креативност и носејќи ви силна инспирација. Вашите соништа се на добар пат да се остварат.

Близнаци

Најдоброто нешто што можете да го направите за себе е да се посветите на грижа за себеси, особено бидејќи Месечината во Шкорпија го активира вашиот сектор на здравје и добросостојба. Вашите романтични врски добиваат магична енергија, додека Месечината во сабота е во тригон со Нептун. Вашите пријателства цветаат  и емпатијата и довербата се на одлично ниво. Ова е викенд за луѓето кои ви значат.

Рак

Додека Месечината е во Шкорпија во хармонија со вашата енергија, ќе се фокусирате на креативни проекти и ќе ги избегнувате сите драми кои би можеле да се појават. Во сабота, тригонот на Нептун и Месечината е посебно влијателен за вашиот знак. Тоа значи да си дозволите да уживате во инспирацијата и нивото на самодоверба кое го имате.

Лав

Можни се конфликти на полето на семејството во петок, додека Месечината во Шкорпија го активира овој сектор. Вложете се за да ја решите секоја ситуација која би можела да ви биде проблем. За среќа, остатокот од викендот е друга приказна. Месечината е во Стрелец во сабота и недела и ја осветлува креативноста и романтиката во вашата карта. Фокусирајте се на работите кои се однесуваат на тие теми. 

Девица

Во петок, под опсадата на Месечината во Шкорпија се активира секторот на комуникација и затоа е многу важно да внимавате како комуницирате со другите. Во сабота кога Месечината ќе влезе во Стрелец, вашата четврта куќа на домот и семејството станува вашето среќно место. Подоцна, во недела, со тригонот меѓу Венера и Нептун во вашиот живот ќе чувствувате силно чувство на емпатија и љубов.

Вага

Викендот ви носи леснотија на постоењето. Тригонот меѓу Нептун и Месечината во Шкорпија во сабота ја подобрува вашата ситуација на работа и ви ги подобрува финансиите, додека пак тригонот меѓу Месечината во Стрелец и Јупитер во недела ја подобрува вашата комуникација и врска со саканата личност. 

Шкорпија

Во петок ќе морате да се натерате да го држите својот темперамент под контрола. Во сабота, работите се менуваат почнувајќи од тригонот меѓу Месечината во вашиот знак и Нептун бидејќи така се подигнува креативноста и вашата самодоверба. Секстилот меѓу Месечината и вашата планета Плутон дополнително ја интензивира таа убава енергија. Во недела, тригонот меѓу Месечината во Стрелец и Јупитер ви носи финансиски награди или признанија на работното место.

Стрелец

Месечината во Шкорпија ја зголемува вашата енергија и интуиција. Ќе се насочите кон тоа да го подобрите своето ментално здравје во петок, бидејќи можно е да почувствувате негативни емоции насекаде околу вас. сабота и недела ќе бидат пријатни кога Месечината ќе премине во Стрелец. Недела ќе биде особено убава бидејќи благодарение на Месечината во вашиот знак, вашата самодоверба ќе биде силна и ќе бидете прилично весели.

Јарец

Во петок ве очекуваат предизвици поради влијанието од Месечината во Шкорпија и нејзиниот квадрат со Сатурн. Но, не се грижете бидејќи остатокот од викендот ви носи поинаква енергија. Тригонот меѓу Месечината и Нептун во сабота прави чуда за вашиот друштвен живот. Освен тоа, тригонот меѓу Месечината во Стрелец и среќниот Јупитер ви носи драгоцено време со своите најблиски.

Водолија

Месечината во Шкорпија во петок е во опозиција со вашата планета Уран. Тоа може да направи да чувствувате напнатост, но за среќа, остатокот од викендот е поубав и попријатен. Тригонот на Месечината со Нептун во сабота ви носи професионално или финансиско задоволство. Но, тригонот на Јупитер со Месечината во Стрелец става фокус на вашите пријателства.

Риби

Петок може да ве исцрпи и да ви донесе предизвици,но штом се разбудите во сабота, расположението ќе биде поинакво. Ќе бидете самоуверени и привлечни за другите. Во недела ве очекува силна креативност и одлична комуникација.