Викенд хороскоп: 27-29 мај

Што ни носат ѕвездите во последниот викенд од мај?

Овен

Месечината е во Бик, заедно со четири други планети кои ја заземаат вашата втора куќа на финансиски лекции и вашиот однос со парите и просперитетот. Очекувајте значајни активности во оваа област. Месечината потоа се спојува со Уран и влегува во судир со вашата владејачка планета Марс што може да ви донесе емоционална нестабилност, непромислено однесување и тензии. Во недела, младата Месечина во Близнаци му се придружува на Сонцето во вашата трета куќа на врски, заедници и комуникација. 

Бик

Моментално, Месечината а и други планети се во вашиот знак што може да ви донесе хаос во однос на тоа како се чувствувате. Пробајте да се приземјите додека минувате низ ова и сфатете дека од ваквите искуства доаѓаат значајни лекции. Венера во сабота навечер исто така преминува во вашиот знак што ќе ја активира вашата харизма и шарм и ќе ве направи центарот на вниманието каде и да одите. Искористете ја оваа супермоќ.

Близнаци

Месечината во Бик и вашата владејачка планета Меркур се во Бик во вашата дванаесетта куќа на соништа и тајни. Ќе бидете храбри и бестрашни, но ѕвездите ве советуваат да обрнувате внимание на малите нешта. Во недела, Месечината преминва во вашиот знак, па веднаш ќе ја почувствувате промената. Дополнително, секстилот со Јупитер ќе осигура да имате одличен ден.

Рак

Вашите односи со различни групи, пријателства и хуманитарни активности се моментално во криза додека Месечината е во Бик, каде се придружува и Венера што се рефлектира на вашата единаесетта куќа. Дружењето со пријателите овој викенд ќе ви донесе одлична можност да се поврзете со другите и да уживате. Но, некои Ракови ќе мораат да расчистат со личност која не го покажува своето вистинско лице. Во недела, Месечината е во Близнаци и ги интензивира вашите соништа.

Лав

Пред вас е викенд кој става фокус на вашиот професионален живот. Ќе се чувствувате како вашата кариера да минува низ ревизија. Ќе бидат активирани и вашите професионални контакти иако е викенд, а тоа ќе донесе големи промени за вас. Во недела, време е за пријателите бидејќи младата Месечина во Близнаци му се придружува на Сонцето во вашата куќа на пријателства.

Девица

Ова е викенд кој ви носи можност да патувате или пак да испланирате патување. Венера е во вашата деветта куќа на патувања и авантури, така што ќе сонувате за убави места. Таа владее и со образованието, па можно е да побарате можности на тоа поле, особено ако се поврзани со вашата кариера. Во недела, Месечината му се придружува на Сонцето во вашата деветта куќа на кариера, успеси и достигнувања. Младата Месечина е идеална за поставување нови цели и нови можности за успех.

Вага

Заедничките ресурси, соработката, скриените мистерии и интимноста се во центарот на вниманието за вас со стелиумот планети во Бик во вашата осма куќа. Сега сте особено чувствителни на туѓата енергија, па затоа обрнете внимание кому ќе се му се предадете овој викенд. Внимавајте на знаците и интуицијата, тие се главната водилка за вас. Во недела, Месечината влегува во Близнаци во вашата куќа на авантура, па време е за нешто убаво за вас.

Шкорпија

Мноштвото планети во Бик, заедно со Месечината ви носат успех на полето на образованието. Учениците и студентите успешно ќе можат да се подготват или да положат некој испит, а вработените да се запишат на курс кој ќе им донесе напредок во кариерата. Во недела, Месечината е во Близнаци заедно со Сонцето во овој знак, во вашата осма куќа на интимноста. Посветете се и на својата драга личност.

Стрелец

Детали од вашиот живот се под лупа за време на моќниот стелиум во Бик во вашата шеста куќа каде престојува и Месечината, а наскоро се придружува и Венера. Фокусот е на вашето здравје, добри навики и општата добросостојба. Препуштете се на промените за да можете да продолжите напред. Недела е ден за љубов под светлината на младата Месечина во Близнаци.

Јарец

Креативноста, страста и романсата се истакнати преку моќниот стелиум на планети во Бик кои се во вашата петта куќа. Бидете храбри и проширете ги своите видици. Испробајте нови начини да бидете креативни и вклучете и романтични гестови во своите потфати. Младата Месечина во недела е во Близнаци во вашето поле на здравје и добросостојба. Доаѓа успех на ова поле за вас.

Водолија

Вашиот дом и односите во семејството ќе бидат главната тема за вас овој викенд. Многу планети се во Бик, а ним им се придружува и Месечината низ вашата четврта куќа на вредности. Што треба да промените? Што ви е важно во следните месеци до крајот ан годината? Кој може да ви помогне во тоа? Во недела, Сонцето е во Близнаци, а исто така и младата Месечина. Комуникацијата е засегната, што значи само позитивни работи за вас.

Риби

Вашата способност за комуникација и вашите односи со заедницата се во вашиот фокус. Обрнете им внимание на луѓето кои ви значат, јавете им се на оние кои одамна не сте виделе и фокусирајте се на различни идеи кои ќе ви помогнат да утврдите како сакате да изгледа вашата иднина. Младата Месечина е во Близнаци во недела, осветлувајќи ја вашата куќа на домот и семејството.