Викенд хороскоп: 21-22 мај

Што ни носат ѕвездите овој викенд?

Овен

Месечината во Водолија го осветлува вашиот сектор на пријателствата, а измеѓу месечевиот тригон со Меркур и конјункцијата на Сонцето со Меркур, ќе имате многу што да им кажете на своите пријатели, сето она што ви лежи на душата. Ќе почувствувате и силна енергија недела навечер, па искористете ја за добро. Најдобро би било да им помогнете на другите, но и да направите нешто добро за себе.

Бик

Месечината во Водолија го осветлува вашиот сектор на кариера, што ви носи интересни и иновативни професионални можности. Секстилот меѓу вашата владејачка планета Венера и Месечината во сабота ви носи шарм, инспирација, фантазија, но и романтично расположение. Не дозволувајте квадратот меѓу Месечината и Уран да ви го уништи денот во недела, не се препуштајте на лошото расположение.

Близнаци

Голема вест овој викенд е конјункцијата меѓу вашата владејачка планета Меркур и Сонцето во Близнаци. Низ вас ќе тече прекрасна позитивна енергија, а ќе бидете и љубопитни и ќе посакате да ја канализирате таа енергија на добар начин. месечината во Водолија е во хармонија со вашата енергија на Близнаците, така што не ви преостанува ништо освен да се препуштите на забавата, доброто расположение и уживањето.

Рак

Месечината во Водолија ги стимулира вашите интуитивни и психички способности, а поради влијанието на квадратот со Уран во сабота можно е да се чувствувате како да сте на работ на нервите. Поминете време сами и одморете се ако тоа е можно. Не правете ништо што не ви одговара. Месечината во Риби во недела доаѓа како олеснување, ќе можете да се опуштите.

Лав

Сакате да бидете во центарот на внимание, а со вашата владејачка планета Сонцето во конјункција со Меркур во Близнаци во вашата куќа на пријателство ќе ви донесе потреба да се забавувате и да се дружите. Месечината во Водолија во вашата куќа на парнерства ве потсетува дека во врската треба да се вложувате. Посветете и се на саканата личност, покажете и дека ви е важна.

Девица

Месечината во Водолија во сабота ве потсетува  да внимавате на себеси, особено на вашиот ум, бидејќи ќе бидете прилично чувствителни и можно е да си ставите непотребен товар на себеси. Месечината во Риби во недела вашето внимание го насочува кон саканата личност и романсата.

Вага

Месечината во Водолија во сабота ја поттикнува вашата креативност, а вашата владејачка планета Венера е во огнениот Овен и ви носи силна страст. Во текот на последниот ден од викендот, фокусот се насочува од партнерот кон себеси и ќе се занимавате со анализа на своите емоции и мисли.

Шкорпија

Овој викенд на вас ќе влијае конјункцијата меѓу вашата владејачка планета Плутон и Месечината. Можно е да бидете пречувствителни, па мудро планирајте ги своите потези. Месечината во Водолија ве поттикнува да се занимавате со проектите околу домот, да реновирате, а конјункцијата меѓу Плутон и Марс ви носи убаво чувство на енергија во недела.

Стрелец

Месечината во Водолија во сабота, а посебно секстилот на вашата планета Јупитер ве исполнува со оптимизам и добро расположение. Во недела, Месечината во Риби го осветлува вашиот дом и ви носи посветеност на своите најблиски. Дополнително, ќе се посветите на подобрување на вашиот однос со саканата личност и ќе отворите теми кои досега не сте ги дискутирале.

Јарец

Месечината во Водолија од вас бара да обрнете внимание на своите финансии, а конјункцијата на Сонцето и Меркур во Близнаци во вашиот сектор на вработување ви носи интересни идеи и можности за да ги подобрите финансиите. Во недела, јавете им се на луѓето со кои одамна не сте се слушнале, обновете ја врската која некогаш сте ја имале.

Водолија

Месечината во Водолија во петок и сабота ја осветлува вашата прва куќа, поттикнувајќи ја вашата чувствителност, но и интуиција. Квадратот со вашата владејачка планета Уран ќе влијае на вашата раздразливост, ќе бидете импулсивни, но важно е длабоко да вдишете и издишете и да се потрудите да останете смирени, што и да се случи. Бурните реакции ќе направат само штета.

Риби

Месечината во Водолија ја поттикнува вашата потреба за интроспекција, барајќи од вас да анализирате некои знаци и соништа. Тие ви испраќаат важна порака. Обрнете внимание.