Викенд хороскоп: 2-3 јули

Што ни носи првиот викенд од јули?

Овен

Месечината во Лав во петок и сабота ви носи силен наплив на енергија што ќе ве поттикне да се забавувате и да бидете меѓу луѓето. Освен тоа, ќе носите и мудри одлуки и ќе бидете задоволни со себеси. Но, поради квадратот на Марс со Плутон чувајте се од игри на моќта и манипулации. Кога Месечината ќе премине во Девица во недела наутро, работите ќе се вратат во нормала.

Бик

Можни се драми во вашиот живот поради влијанието на Месечината во Лав која се движи низ вашата четврта куќа. Секстилот со вашата владејачка планета Венера ја поттикнува вашата креативност и ви носи посветеност на она што ви значи. Во недела Месечината преминува во Девица, а вие ќе почувствувате како работите се смируваат. Освен тоа, тригонот на Месечината со Уран во Бик ви носи слатки нешта.

Близнаци

Месечината во Лав во сабота ви носи огромна енергија во вашиот сектор на комуникација. Во меѓувреме, вашата владејачка планета Меркур ќе биде во тригон со Сатурн и во квадрат со Нептун оваа сабота. Ова ја буди вашата интелигенција, ги подобрува вашите комуникациски вештини и ја разгорува вашата фантазија. Месечината во Девица во недела ве насочува кон домот и семејството.

Рак

Ова е викенд кој ви носи мир и релаксација. Но, сабота претпладне работите може да се малку напнати што ќе ви донесе мали конфликти со вашите сакани. Потрудете се да останете смирени. Со влегувањето на Месечината во Девица во недела, енергијата е поинаква и имате можност да се насочите кон сопствените потреби и желби.

Лав

Месечината е во вашиот знак и го нагласува вашиот шарм. Препуштете се на забавата и на тоа дека ќе бидете во центарот на вниманието, но не си дозволувајте драма во животот. Во недела, Месечината преминува во Девица и ги смирува работите за вас, но не дозволувајте да ви биде здодевно. Ова е одличен ден да внесете хармонија во љубовниот однос со саканата личност.

Девица

Во сабота,Месечината е во Лав и ја нагласува вашата интуиција и чувствителност. Следниот ден, таа преминува во вашиот знак и ја поттикнува вашата самодоверба, а тригонот со Марс вè исполнува со енергијата која ви е потребна да се посветите на своите обврски.

Вага

Под влијанието на Месечината во Лав во сабота ќе посакате денот да го поминете со своите пријатели. Квадратот на Месечината со Уран во сабота може да донесе мала напнатост во вашиот однос со саканата личност. Во недела, Месечината преминува во Девица и ве прави почувствителни. Пробајте да не бидете претерано критични кон себе и другите. 

Шкорпија

Во петок и сабота настапува тригонот на Месечината во Лав со Јупитер и ви носи одлични професионални можности. Наспроти тоа, квадратот со Уран во сабота може да донесе мали превирања во односот со саканата личност. Во недела, тригонот на Месечината и Марс ви носи позитивна енергија и ви помага да го избалансирате викендот.

Стрелец

Вашата владејачка планета Јупитер е во тригон со Месечината што ви носи одличен викенд. Квадратот на Месечината и Уран во сабота носи поттик да се насочите кон љубовниот однос, но чувајте се од конфликти ако имате различни мислења. Тригонот со Марс во недела ви дава поттик да направите планови за наредниот период.

Јарец

Во сабота ќе имате потреба за нежност и интимност со саканата личност. Имате потреба да се насочите кон тоа, но и да ги решите проблемите кои постојат. Освен тоа, се буди вашиот интелекти и вашите комуникациски способности. Месечината во Девица во недела и понеделник е во хармонија со вашата енергија, а тригонот со Марс во недела рано наутро ви носи здрави амбиции. 

Водолија

Вие ги имате сите предуслови за одличен викенд. Во сабота, Месечината е во квадрат со Уран. Тоа може да има силен ефект на вас, ќе се соочите со силни емоции и страст. Во недела и понеделник, Месечината во Девица ви помага да направите планови за натамошниот период.

Риби

Викендот почнува со убави вести за вас. Но, внимавајте сабота навечер, можеби ќе се соочите со емоционална нестабилност. Пробајте да ја разликувате фантазијата од интуицијата. За среќа, во недела, Месечината во Девица ги враќа работите во рамнотежа.