Викенд хороскоп: 18-20 април 2025

Влегуваме во викенд полн со пресврти, страст и интуитивна акција.

Photo by Arno Smit on Unsplash

Марс влегува во Лав и веднаш го подига пулсот на колективната енергија – сите сме повикани да живееме со повеќе срце, поризично и подраматично. Но, додека Сонцето тивко се префрла во стабилниот Бик, учиме како да ги усогласиме страста со постојаноста.

Во меѓувреме, таинствениот танц помеѓу Венера, Северниот Јазол и Уран го отвора просторот за судбински настани – во љубовта, финансиските одлуки и креативните стремежи.

Овен

Подгответе се, Марс, вашиот владетел, влегува во знак кој ви прилега: Лав. Ова е време да го запалите пламенот на храброста и да настапите без срам и страв. Но, додека Сонцето преминува во Бик на крајот на викендот, ќе почувствувате потреба да се фокусирате на вашите ресурси и сигурност. Односите може да понудат изненадувачки моменти, бидете подготвени за искрен разговор или ненадејно признание.

Бик

Вашата сезона започнува! Време е да се вратиме кон основите – кон телото, ритуалите, мирисите на пролетта. Иако Марс во Лав ви носи предизвици во домот или со блиските, вие знаете како да ја најдете рамнотежата. Финансискиот фронт се осветлува со нови шанси, особено ако сте спремни да направите нешто поинаку од вообичаено.

Близнаци

Умот ви е брз, но викендов ви носи нешто подлабоко: чувство дека треба да следите инстинкт, а не само логика. Тринот помеѓу Марс и Нептун ќе ве инспирира да создадете нешто – било тоа уметност, текст или нова идеја за проект. Односите се менуваат – некои ќе се продлабочат, други ќе исчезнат без објаснување. Верувајте во текот.

Рак

Овој викенд го чувствувате срцето како работи посилно. Марс во Лав ве охрабрува да се борите за своите вредности, додека Сонцето во Бик ве кани да најдете мир во заедницата или природата. Финансиска можност или важен разговор околу иднината може да дојде преку жена или блиска личност.

Лав

Целата енергија е насочена кон вас. Со Марс во вашиот знак, вашата харизма е магнетна. Но не се губете во драмата – вистинската сила доаѓа кога знаете што сакате и зошто. Сонцето во Бик ве потсетува дека долгорочните планови се исто толку важни колку и моменталните победи.

Девица

Иако надворешно изгледате мирно, во вас се случуваат длабоки движења. Викендов е идеален за внатрешна работа: journaling, медитација или искрена средба со некој кој ве гледа вистински. Венера и Северниот Јазол можат да донесат важна пресвртница во лична или професионална врска.

Вага

Групите, пријателите и вашите соништа за иднината се фокусот овој викенд. Марс во Лав ве поттикнува да се истакнете во јавност, но не заборавајте да останете поврзани со вашите вредности. Можеби ќе се појави прилика за креативна соработка која ќе има длабоко значење за вас.

Шкорпија

Се менува нешто важно во вашата професионална приказна. Марс во Лав ве става под светло – дали сакате тоа? Искористете ја оваа енергија за да се позиционирате паметно, но не заборавајте: моќта која трае е ненаметлива, но сигурна. Љубовта носи моменти на нежност и старо прашање што конечно добива одговор.

Стрелец

Марс во Лав и Нептун во Овен ве влечат надвор од секојдневието – кон авантура, патување или длабоко духовно прашање. Сонцето во Бик ве потсетува да не го прескокнете телото – одморете, јадете убаво, не заборавајте на ритуалите кои ве држат приземјени. Можно е важно поврзување со личност од минатото.

Јарец

Темите поврзани со доверба, блискост и заеднички ресурси се активираат. Овој викенд може да донесе интензивни разговори или силна привлечност кон некого. Венера и Северниот Јазол ве поттикнуваат да се отворите, но со мудрост. Не мора сè да контролирате за да бидете сигурни.

Водолија

Односите се главна тема. Марс во Лав осветлува какви партнерства ве полнат – а кои ве трошат. Сонцето во Бик бара стабилност, па овој викенд ќе се запрашаме: со кого сакам да градиме заедничка иднина? Можно е и ненадејно познанство кое ќе го смени текот на нешто важно.

Риби

Чувствителни, но интуитивно водени – тоа сте вие викендов. Нептун и Марс создаваат простор за создавање нешто што е и храбро и магично. Ако работите на нешто креативно, не го кријте повеќе. Во односите, Венера во сојуз со Судбината може да донесе љубов која личи на лек.