Викенд хороскоп: 13-16 мај

Што ни носи хороскопот за овој викенд?

Овен

Месечината во Шкорпија го насочува вашиот фокус кон љубовните односи, а помрачувањето на Месечината на интимноста и заедничките ресурси. Сега не е време да решавате никакви конфликти, но можете да погледнете во себеси и да утврдите што ви е потребно. Некои Шкорпии кои се заљубени ќе успеат да ја продлабочат врската, а оние кои се сами ќе се ослободат од луѓето и ситуациите кои ги мачат од минатото.

Бик

Месечината во Вага во петок ве повикува да ја преземете грижата за себеси и да вметнете промени во начинот на живот кој ќе ги подобри и вашето здравје и добросостојба. Месечината во знакот Шкорпија и помрачувањето на Месечината ја фокусираат вашата трансформативна енергија во вашата седма куќа на партнерства и посветеност, нудејќи ви можност да се посветите на романтичните односи. Тоа за некои Бикови може да е застрашувачки, но време е за нови нешта.

Близнаци

Месечината во Вага во петок во вашата седма куќа е во вашата петта куќа на креативност и ја интензивира страста со што многу од своите желби ќе успеете да ги пренесете во пракса. Ќе дојдете до идеја што функционира во вашиот живот и што треба да промените. Нема да можете да избегате од трансформациите, затоа не се ни обидувајте да го промените тоа.

Рак

Месечината во Вага во петок ја осветлува вашата четврта куќа на домот и семејството, а тригонот од Месечината до Сатурн ви помага да ги завршите работите, сите отпочнати проекти. Во сабота, Месечината во знакот Шкорпија ве насочува кон страста и романсата. Ако имате емоционални блокади кои стојат на патот на вашата креативност и емотивни односи, овие транзити ќе ви помогнат да се ослободите од тоа.

Лав

Месечината во Вага во петок е во вашата трета куќа на комуникација, врски и заедници, а тригонот со практичниот Сатурн ви помага да го завршите она што ви е важно. Во сабота, Месечината во знакот Шкорпија и помрачувањето на Месечината влијаат на вашиот дом и семеен живот. Се отвора ново поглавје во вашиот живот.

Девица

Месечината во Вага ги осветлува вашите финансии во петок, а тригонот со Сатурн е идеален за решавање на финансиските и професионалните прашања. Во сабота и недела, Месечината во Шкорпија ве насочуваат кон подобрување на комуникацијата, вклучувајќи ги и вашите браќа и сестри, соседи и вашата заедница.

Вага

Во петок, Месечината е во вашиот знак, осветлувајќи ја вашата самодоверба и желба за дружење. Месечината во знакот Шкорпија во недела ви го насочува фокусот кон безбедносните прашања, заедно со вашите лични финансии. Лесно можете да видите што функционира во вашиот живот, а што не. 

Шкорпија

Во петок, Месечината во Вага е насочена кон вашите соништа и духовна пракса, додека пак тригонот со Сатурн ви носи и малку практична работа од ваша страна во комбинација со вашите емоции. Тоа значи дека нема само да сонувате, туку и ќе анализирате и ќе ги подобрувате работите во вашиот живот. Помрачувањето на Месечината е пособено трансформативно, тоа е во вашиот знак и ви носи шанса да подобрите некои работи за себеси. Ова е вашиот момент да се ослободите од лошите навики.

Стрелец

Месечината во Вага во петок го осветлува вашиот сектор на пријателства и друштвени ситуации, па важно е да испланирате дружење со оние кои ви значат. Во сабота и недела, Месечината во Шкорпија и помрачувањето на Месечината се фокусирани на вашата дванаесетта куќа на соништа,а вашата интуиција ќе биде на највисоко ниво. Ова е транзит кој ви носи разјаснување во однос на вашата улога која ја имате во животите на другите луѓе, како и нивната улога во вашиот живот.

Јарец

Месечината во Вага во петок ја осветлува вашата деветта куќа на кариера, што ќе ве направи особено среќни во работата. Месечината во Шкорпија и помрачувањето на Месечината ја фокусираат вашата трансформативна моќ во вашата единаесетта куќа на пријателствата. Ве очекуваат промени во оваа област.

Водолија

Месечината во Вага во петок ве кани да се впуштите во авантура, додека пак тригонот со Сатурн ви помага да сфатите што и како работите. Во сабота и недела, Месечината во Шкорпија и помрачувањето на Месечината носат фокус на вашата кариера. 

Риби

Месечината во Вага ја осветлува вашата осма куќа на скриени таленти и психички способности, а тригонот со сатурн се однесува на практичната магија и нејзината способност длабоко да влијаете на својот живот. Во сабота и недела, Месечината во знакот Шкорпија ве насочува кон експанзија и авантура во вашиот живот. Излезете од вашата сигурна зона и направете нешто добро за себе.