Викенд хороскоп: 02-04 декември

Што ни носи првиот викенд од декември?

Овен

За Овните, овој викенд е добар период за да поминете време со семејството. Одложете ги сите планирани активности и патувања за наредниот викенд и наместо тоа, останете дома во кругот на семејството.

Бик

Овој викенд најдобро ќе го поминете во својот дом, со ревидирање на спомените и создавање нови со оние кои ви значат. Ќе ве развесели комуникацијата со саканите и ќе ве поттикне за нови нешта.

Близнаци

Избегнувајте претерување во било што, особено ако имате некакви прослави овој викенд. Искористите го за да се одморите добро и да се подготвите за следната недела кога ве очекуваат нови обврски. 

Рак

Долгоочекуваниот викенд ви носи различно расположение. Во сабота ве очекуваат мала нервоза и напнатост, но неделата ќе биде подобра. Наспијте се добро и одете на места кои одамна сте сакале да ги посетите.

Лав

За да се ослободите од насобраниот стрес, овој викенд е важно да се исклучите од социјалните мрежи и да заборавите на технологијата. Бидете што поактивни: идете во музеј, претстава и останете позитивни.

Девица

И на Девиците овој викенд ќе им годат одморот и опуштањето. Грижете се за своето здравје, негувајте се себеси. Искористете го секој слободен момент за она што ви годи. 

Вага

За Вагите доаѓа бурен и незаборавен викенд, исполнет со позитивни емоции. Секоја активност е поволна: патување, дружење со пријателите, забава, спорт  и тн.

Шкорпија

Ова е викенд кој ви носи многу среќа. Излезете од својата сигурна зона, што и да направите, ќе биде корисно.

Стрелец

За Стрелците, овој викенд е најдобро да се сами. Ќе ви годи да поминете време во природа, да бидете одморени и да се подготвите за следната недела.

Јарец

Јарците треба да се одморат овој викенд и да ја вратат својата сила, бидејќи следниот период ги очекуваат важни задачи. Клучот за целосно опуштање се добриот сон, вкусната храна и прошетка на здрав воздух.

Водолија

Водолиите треба да се фокусираат на физичката активност овој викенд. Поминете време на прошетка и размрдајте го своето тело. Во недела, можно е да се навратите на некои спомени од минатото и да се навратите на убавите спомени.

Риби

Рибите треба да успорат малку и да ги намалат своите активности. Најдобро е да помиинете време дома и да најдете сила за следната недела.