Вие секаде се носите себеси со себе, сѐ останато е минливо

Никогаш нема да бидете доволно добри за некои луѓе. Тоа е едноставно така, но тоа не значи дека вие не сте доволно добри, можеби едноставно тоа не се вашите луѓе. И можете да се трудите, секогаш одново да се пробувате, да се менувате, прилагодувате, но навистина нема ништо од тоа. На тој начин само се оддалечувате од себеси.

 За некои луѓе секогаш ќе бидете доволно добри, без оглед што правите, со тоа што едноставно сте она што сте. Кога сте искрени, кога имате свое јас и го живеете својот живот, а тие сепак се тука и не си заминуваат. Тука се. Ве прифаќаат и разбираат. 

Толку многу енергија трошиме на првите луѓе, уверувајќи се себеси дека ќе ги увериме во сопствената добрина. Не се откажуваме. Слепо се држиме за таа идеја. 

Но, еден ден ќе сфатите дека не можете така. Ќе се изберете себеси. На крајот, дури и да останете сами, вие повторно би се избрале себе.

Сфаќате дека можеби всушност секогаш секаде се носите себеси со себе, а дека сѐ останато е минливо. Дека прво мора да се грижите за себеси, а потоа и почнуваш да го правите тоа и таа енергија која толку долго сте ја трошеле и вложувале во другите и во прилагодување кон другите сега ја вложувате во себе. Заради себеси. За да бидете подобри за и кон себе.

Запрашајте се: Што е всушност најлошото што може да се случи ако останете сами? Апсолутно ништо.