Видео: Запознајте го 7 годишниот генијалец Македон од Тетово - чудо од дете

7 годишниот Македон Димитровски од Тетово - Македонско чудо од дете за кого генијалноста нема граници, во конкуренција со 4.000 учесници од цел свет има освоено злато по математика, збори англиски, учи германски, грчки и кинески, галаксиите ги знае до детали и решава задачи за средно 

Тој е ученик во О.О.У „Лирија“ Тетово во второ одделение, има само 7 години, но решава математички задачи од втора година од средно образование. 

Тој е дружељубив и секогаш расположен за своите другарчиња и соученици. Меморијата на Македон е на завидно ниво, зборува течно англиски, а учи германски, грчки и кинески.

Неговата наставничка Јасмина Костовска секогаш ја прилагодува наставата за него, со повеќе обврски, покомплицирани задачи. Таа вели дека знаела каков ученик ќе има, а тоа во нејзината 27 годишна кариера бил огромен предизник.

Погледнете го гостувањето на Македон заедно со неговите родители во утринската програма на Сител Телевизија.