
Заменик директорот на „Национални шуми“, Кире Михаилов во објава на Фејсбук вчера информираше за добро координирана акција на МВР и шумската полиција во Струмица, како и нивни екипи, при што одземени биле пет запрежни коли со огревни дрва и друг материјал со кој се пустошело низ шумата.
„Во добро координарана акција изведена од МВР Струмица, шумските полицајци од Струмица и ние, одземавме 5 запрежни коли натоварени со огревни дрва и други материјали со кои е вршено пустошењето на шумата“, истакна Михаилов.
Најави дека во текот на денешниот ден ќе бидат поднесени соодветни пријави за сите оние кои вчера биле затекнати во нелегална сеча и нелегален превоз на овие дрвни сортименти.
„Реков, нема застанување! Пред лицето на правдата ќе бидат спроведени сите оние кои работат спротивно на законот“, порача тој.
Во друга објава, исто така вчера, додаде дека подоцна биле одземени уште две патнички возила кои превезувале нелегално сечени и нежигосани дрва.