(ВИДЕО) Вандализам во Охрид: Пијани лица демолирале објект кој претходно бил обновен со донации

Фејсбук страницата „Охриѓани“ преку видео-објава информираше за тоа како непознати лица вандализирале простор кај Домот Лакочере, кој во изминатите години, како што наведуваат, бил обновен со донации и претворен во мултифункционален објект за локалната заедница.

Во објавата се тврди дека група млади лица, меѓу кои имало и девојки, престојувале на локацијата, консумирале алкохол, и според видео снимките, го демолирале објектот.

Според објавеното, случајот е пријавен во полиција, која извршила увид и ги подигнала потребните докази.

Од „Охриѓани“ велат дека преку снимки од приватни безбедносни камери веќе утврдиле со какви возила пристигнале лицата и очекуваат наскоро да биде откриен нивниот идентитет.