(Видео) Усје - од заборавена населба до посакувана дестинација за живеење

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски објави видео на неговиот профил на Фејсбук во кој посочи што било изградено во Усје од почетокот на неговиот мандат.

- Од заборавена населба и лажни ветувања до пред година и половина, до посакувана дестинација за живеење. Работевме многу, ја отворивме првата градинка во Усје и тоа целосно инклузивна, ја завршивме канализационата мрежа со што решивме децениски проблем, ги рехабилитиравме сите улици со асфалт и павер елементи, реконструиравме детски катчиња и уште многу друго, интервениравме на места каде што никој во минатото немал интерес, напиша Ѓорѓиевски.