(ВИДЕО) Уапсен дилер од Скопје кај кого полицијата пронашла два килограми марихуана и поголема сума на пари

Лишен од слобода скопјанец, кај кого при преглед и престрес на домот се пронајдени околу два килограми марихуана.

Вчера (11.11.2025) од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје по претходно добиени оперативни сознанија на улица „Христо Татарчев“ извршено е легитимирање и преглед на С.М. од Скопје.

Како што информираат од МВР, при извршениот преглед пронајдена е марихуана, дигитална вага и поголема сума на пари, а при преглед на патничкото возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки сопственост на С.М. пронајдена е поголелема количина марихуана.

По претходно добиена наредба извршен е и претрес на дом каде што престојувал С.М. при што во помошната подрумска просторија од станот пронајдена е голема количина на марихуана и две дигитални ваги.

С.М. е лишен од слобода известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.