Видео: Тинејџери во Скопје ги уништуваат тротинетите наменети за изнајмување и возење

Снимки на кои се гледа како деца на возраст од 13-14 години ги кршат електричните тротинети кои од неодамна можат да се изнајмат во Скопје, објави телевизијата „Канал 5“.

Непримерното однесување и уништувањето на тротинетите започна во првиот момент кога тие станаа достапни за скопјани, замислени како еколошко и практично средство за градски превоз. Според МВР, деновиве се украдени три тротинети.

- Пријавени се лицата кои го украдоа тротинетот и го ставија во багажник. Може да се забележат нивните ликови на камерите. Се знае и кој ги оштетува затоа што апликацијата ги евидентира корисниците. На крај, по користењето на тротинетот, се слика и испраѓа во системот за да знаеме како е оставено возилото по користењето, изјави директорот на турската компанија „Бин Бин“, Висар Дурак, за порталот „ММС“.

Ова е видеото на кое се гледа како вандалски се уништуваат тротинетите во Скопје.