(Видео) Тинејџери фатени како уништуваат приватен имот во Карпош

Снимка од надзорна камера објавена во групата „Општина Карпош – Пријави проблем“ предизвика реакции на социјалните мрежи.

На видеото се гледаат неколку млади лица кои приоѓаат до објект покрај улица и почнуваат да кршат и фрлаат саксии.

Од снимката не може со сигурност да се утврди колкава материјална штета е причинета, ниту што му претходело на инцидентот. Засега нема информации дали случајот е пријавен во полиција.

Видеото повторно ја отвори темата за вандализмот и однесувањето на дел од младите во јавниот и приватниот простор.