Видео: Тешки градежни материјали висат над главите над минувачите и автомобилите на градилиште во Карпош

Вчера во јавноста се појави видео каде се гледа како небезбедно се пренесуваат тешки градежни материјали над главата на минувачите, преку автомобили и тоа на прометна улица.

Од она што може да се забележи е дека се пренесуваат тешки челични шипки, цигли и друга градежна опрема од едно градилиште кон друго и тоа преку улица во скопската населба Карпош. Од тука е нејасно кој ова го дозволил и што треба да се случи за конечно инспекциите излезат на терен и да го санкционираат ваквото однесување. Зар треба да се случи уште една несреќа за некој да реагира.