Видео: Тешка сообраќајка на патот Охрид - Кичево, загина едно лице

Тешка сообраќајна незгода се случи на патниот правец Охрид - Кичево во близина на с. Арбиново, при што животот го загуби едно лице.

Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека Територијалната противпожарна единица ТППЕ Охрид во моментот интервенира на случена сообраќајна несреќа на патниот правец Охрид-Кичево во близина на с.Арбиново.

-Во сообраќајната несреќа има едно починато лице и неколку повредени лица кои со возило на Итната медицинска помош од Охрид се пренесени  во Специјална болница Св.Еразмо во Охрид, велат од Центарот за управување со кризи.

Видео: Макфакс