Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска деновиве сподели видео од празничниот амбиент во центарот на градот во пресрет на празниците.
Вечерва, на новогодишната ноќ, на плоштадот „Македонија“ во Скопје публиката ќе ја забавуваат некои од најпознатите имиња на музичката сцена.
За добрата новогодишна забава ќе се погрижат незаменливите „Sarah Mace & The Girlzz“, „Љубојна“, „Ареа“ и „Нокаут“.