
По претходната информација дека сообраќајот на автопатот Куманово–Скопје е во прекин поради тешка сообраќајна незгода, пристигнуваат нови детали за настанот што се случил на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром.
Според информациите камион се запалил по судир со патнички автомобил, при што пожарот предизвикал долг застој во сообраќајот, кој започнува уште од близина на патарината Миладиновци.
Во моментов нема официјални информации за состојбата на возачите и евентуалните патници. На терен интервенирале екипи на Итната медицинска помош и противпожарните служби, кои работат на гаснење на пожарот и обезбедување на местото на несреќата.
Присутна е и полицијата, која го регулира сообраќајот и го обезбедува поширокиот периметар околу локацијата. Причините за судирот и за избувнувањето на пожарот дополнително ќе се утврдуваат, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот.