ВИДЕО: Охриѓани доследни на традицијата - три пати ја пееја песната „Во Јордание", а потоа се капеа во езерото

Оваа година поради пандемијата со коронавирусот изостана вековната традиција на положување на крстот во охридското езеро, но сепак охриѓани доследни на вековната традиција, пренесува „Охрид1“

И покрај ниските температури голем број  граѓани се искапеа во осветената Езерска вода.

Наместо во Езерото, чесниот крст беше положен во дворот на црквата, а го фати Никола Чорбески – Чорбе.

Како што е редот капачите првично три пати ја пееја песната Во Јордание, а потоа на чело со Чорбески влегоа во водата.