Видео од пукањето на свадбата во Сингелиќ

На социјалните мрежи се појави видео од вчерашното пукање на свадба во скопската населба Синѓелиќ. Полицијата утврди дека се работи за В.И., вработен во Полициското одделение Петровец при СВР Скопје. Тој бил уапсен од страна на неговите колеги при што ќе му биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од КЗ.

„При претресот е пронајдена пушката „хуглу“ модел ХР 7 (користена при кривичното дело) и пиштол за светлосно звучна сигнализација „екол“, кои ги поседува со дозвола и потврда за поседување на овој вид оружје. Известен е јавен обвинител од ОЈО Скопје, а В.И. е лишен од слобода. По насоки од јавен обвинител, против В.И. ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од КЗ, се вели во соопштението од МВР.