(Видео) Од балкон на студентскиот дом „Гоце Делчев“ паѓаа вреќи со гипс

На социјалните мрежи се појави видео на кое може да се види како лица фрлаат вреќи од балкон на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во скопската населба Тафталиџе, кои, според очевидци, биле полни со гипс.

Освен снимката, на интернет се појавија и сведоштва според кои лицата биле мајстори, кои во текот на градежен зафат фрлале гипс од балконот на зградата. Корисничката што го објавила видеото напишала дека едно од фрлените парчиња за малку ќе ѝ паднело врз главата.

Според нејзиното сведоштво, на патеката на која паѓале фрлените парчиња градежен материјал немало никаков знак, ниту предупредување за можната опасност.

На социјалните мрежи се појавија и многу реакции од корисници што бараат одговорност од работниците и нивните претпоставени бидејќи, како што велат, се работи за работно место со дефинирани правила и прописи на работа и заштита при работа.

Видеото погледнте го ОВДЕ.