Видео: Невремето не ги спречи инвеститорите да сечат дрва во Аеродром

Граѓанската иницијатива „Сакаме Аеродром да дише“ објави видео од сечење дрвја денеска на територија на Општината. Ниту невремето, поројните дождови и поплавените улици не ги спречило инвеститорите во намерата.

Го искористија невремето за да пресечат уште едно од последните дрва кои останаа, се вели во фејсбук постотот на „Сакаме Аеродром да дише“.