(ВИДЕО) Не им се плаќало паркинг, па „се снашле“ среде парк - „твитерџика“ реагира на неодговорна ситуација во Центар

На социјалната мрежа „Х“, профилот со псевдоним „Твитерот на Ана Франк“ сподели објава во која може да се забележат две групи на граѓани - оние кои се одговорни и немаат проблем да платат паркинг и неодговорни, кои немаат проблем „да се снајдат“ на било кој начин.

Во краткото видео, на едната страна може да се забележат возила кои прописно се паркирале на обележан паркинг простор, и на веројатно не повеќе од 30-40 метри, возила паркирани на патека среде паркче.

Според натписот врз видеото, „твитерџиката“ на одговорност ги повика и Градот Скопје и Општина Центар.

„Видеово ја опишува државава најубаво Ако ти се плаќа за паркинг, си се паркираш на паркинг Ако не ти се плаќа, си се паркираш у парк @CityofSkopje @OpstinaCentar еве каков град создадовте. Да се казнува чесниот а да се наградува криминалецот Не знам до кога ќе терате вака“, пишува во објавата.