Видео: Летен хит во најава- најновото музичко дело на Лозано со наслов „Ме нервираш“

Денеска Влатко Лозаноски – Лозано го прославува својот роденден, а по тој повод, тој на својата верна публика ја почести со нова песна. Станува збор за летна песна со „заразен“ текст и мелодија, со наслов „Ме нервираш“.

Aвтори на истата се Лазар Цветкоски, односно музика и аранжман, додека пак текстот е дело на Магдалена Ена Цветкоска - тимот со кој Лозано соработува од почетокот на својата кариера.

Како и за сите други песни, така и за оваа Лозано и неговиот тим на соработници снимија видеоспот во прекрасниот хотел „Мирор“ во Скопје.

Како режисер на ова видео се потпишува Дарио Јанковиќ, односно Генерал Јанковиќ, а главната улога во спотот ја има една од најубавите девојки во Македонија, манекенката Ана Марија Јанковиќ.

Мејкапот за овој спот е на Марија Лазарова од Тренд Ас.

„Со нетрпение ги чекав овој ден за да ја објавиме мојата најнова песна. Ќе бидам искрен и ќе кажам дека мене ова ми е една од подрагите песни и мислам дека ја споделуваме со публиката во вистинско време“, вели Лозано.

Слушнете и оценете, како ви се допаѓа новиот хит во најава: