ВИДЕО: „Ладно лето“ е хитот-првенче на младата пејачка Сара Гигова

Младата и надежна македoнска пејачка Сара Гигова го промовира своето првенче со наслов „Ладно лето“, на кое како автори се потпишува тандемот Лазар и Магдалена Цветкоски.

За оваа нејзина прва песна Сара сними и оригинален видеоспот во режија на Ѓорѓи Вацев. Спотот се снимаше на Преспанското езеро, а во него имаме прилика да ја видиме Сара во неколку различни изданија.

Гигова не крие дека е задоволна од тоа како звучи песната и како изгледа спотот…

– Јас сум презадоволна од целиот производ. Сите знаат што имаат досега создадено Лазар и Ена и многу лесно ми беше да донесам одлука со кого да сакам да работам. „Ладно лето“ е одлична песна во модерен ритам и искрено се надевам дека публиката ќе ја прифати. Исо така задоволна сум и од спотот, бидејќи Ѓорѓи навистина се потруди да го добијам тоа што го замислував и јас во мојата глава. Да не должам многу, се надевам дека публиката ќе ужива и ќе ме мотивира да продолжам да создавам уште многу музика – вели Сара.