(ВИДЕО) Колку ни се сигурни децата во градинките: Примерот од воспитувачките во Белград повод за размислување!

Не стивнува згрозувањето и бесот од објавувањето од снимките од градинката „Замок“ во белградската населба Вождовац на кои се гледа како воспитувачка држи дете на под и грубо со двете раце го крева во воздух, на сила му става цуцла во уста, извлекува деца од шпајз во кој се затворени, вика на нив додека тие плачат и уште многу нешта.

 

Како што се дознава инспекцијата влегла го градинката, да го испита случајот, но набрзо ја прекинала постапката, бидејќи на директорот на градинката му се слошило. Со оглед на тоа дека се работи за физичко насилство, и полицијата излегла на терен.

Родителите тврдат дека децата се малтретирани, тие се враќаат дома истрауматизирани, а наутро, буквално преплашени, молат да не ги водат таму. Токму масовното одбивање на децата да одат во градинка, ги натерало родителите да почнат да испитуваат што се случува во градинката.