Видео: Километарски колони кај Кисела Вода, Драчевци прашуваат како да стигнат на работа

Жителите на Кисела Вода од вчера, па до решавање на проблемот, секој ден ќе ја блокираат главната раскрсница во оваа насeлба се додека не се изнајде решение за нивниот проблем кој со години го имаат. Тие бараат дисклокација на „Центарот на зависници“. 

Во отворено писмо кое тие го испратија до медиумите велат дека веќе 20 години се борат со овој проблем.  Годинава од страна на Министерот за здравстото им било ветено дека до мај ќе се реши случајот со „Центарот за зависници“, но исход сеуште нема.

Потенцираат дека ниту се политички, ниту партиски обоени. Едноставно се борат нивните деца да не растат со трауми од болницата во која нема никакви услови да се лекуваат зависници од дрога. 

Од друга страна граѓаните кои утрово беа заглавени во сообраќајниот метеж на социјалните мрежи реагираат дека го разбираат револтот на жителите на Кисела Вода, но прашуваат на кој начин тие да стигнат до своите работни места.

„Вистина ми е жал за зависниците, а уште повеќе за жителите на Кисела Вода и Гази Баба. Ама ние обичните смртници од Драчево, треба ли да стигнеме и да се вратиме на работа?“, прашува Влатко Кочовски во една од фејсбук групите.

Протестот на жителите на Кисела Вода продолжува и утре, се до целосно решавање на овој проблем.