Видео: Какви се условите за скијање во ски центрите?

На Попова Шапка има снежна покривка од 90 сантиметри, во Маврово 21, а 11 во Крушево, соопшти УХМР.

Во моментов е забележана и магла во дел од ски центрите, како и температура од – 2 степени која е измерена на Попова Шапка, додека во Маврови Анови е -1.

УХМР најави и нови врнежи од снег на планините и на некои повисоки места во текот на денот.