Видео: Како изгледаше Андреа на евровизиската сцена

Македонската претставничка Андреа Коевска со песната „Circles“ не влезе во финалето на Евровизија. Коевска настапи синоќа во второто полуфинале од изборот за песна на Евровизија, што се одржува во Торино.

Од 18-те земји што се претставија на втората полуфинална вечер во финалето продолжуваат  Белгија, Чешка, Азербејџан, Полска, Финска, Естонија, Австралија, Шведска, Романија и Србија. Од првото полуфинале што се одржа на 10 мај, во финалето влегоа  Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.

Финалето на 66. издание на Евровизија ќе се одржи утре.