(ВИДЕО) Кај дилери од Скопје пронајдени неколку видови на дрога - уапсени се две лица

Лишени од слобода две лица од Скопје поради недозволена трговија со дрога.

Како што информираат од МВР, вчера (12.12.2025) во 19:55 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје во координација со ОКП при БЈБ ги лишиле од слобода М.М. (36) и 29 годишната К.М., двајцата од Скопје.

По претходно добиена судска наредба, извршен е претрес во домот на К.М. на подрачјето на Карпош, при што се пронајдени и одземени амфетамин, екстази, марихуана и дигитална вага.

По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.