Видео: И покрај решението за затворање и кривичната пријава кафулето „Мош“ работи со полна пареа

Кафулето „Мош“ работеше и вчера вечертаа. Повторно настапуваше Владо Ѓоргиев, имаше гласна музика и многу гости.

Гостите се без маски, дистанца не се одржува.

Беше најавено затворање на овој локал откако иста ваква забава веќе имаше. Но, власта покажува неуспеси на дневна основа, а резултатот од нивната неработа е екстремно високиот број на заразени.

Ветија дека ќе превземат мерки, но тоа не го направиле бидејќи верувале или не, токму таа инспекторка што требало да го затвори кафулето била во изолација.

Лента ќе добиеле наредната недела, откако ќе се одржат уште забави без почитување на протоколи и мерки!?

А1ОН вечерва стапи во контакт со директорот на инспекторатот, Стојко Пауновски од СДСМ.

-Не е затворен, ќе биде наредната недела. Инспекторката што требаше да го затвори е со решение за изолација. Секој инспектор го завршува својот предмет. Наредната недела ќе добие лента, вели Пауновски за „А1он“.