
Во услови на активен пожар во атарот на скопското село Грачани, воздухопловниот ВИНГ на Армијата денеска беше ангажиран со хеликоптер Ми-8МТ, обезбедувајќи директна воздушна поддршка на силите кои се борат со огнената стихија на теренот, информираа од Армијата.
За време на тричасовниот ангажман, хеликоптерот реализирал повеќе летови и извршил 14 прецизни исфрлања, при што врз критичните точки биле истурени вкупно 28 тони вода.
„Дејствувањето од воздух беше насочено кон најкритичните делови од пожарот, со цел спречување на негово понатамошно ширење“, посочија оттаму.