ВИДЕО: Голем пожар во близина на Тутунски комбинат кај Рампа

Претпладнево избувна пожар во близина на Тутунски комбинат спроти Управата за јавни приходи, информира за МИА од бројот 112 за итни случаи.

Оттаму велат дека најверојатно горат напуштени стари бараки и оти се известени сите надлежни. Веќе се интервенира на пожарот.