
МВР ги идентификуваше двајцата возачи кои со своите автомобили се движеа по пешачката патека во близина на кејот на реката Вардар, а снимката од нивното возење беше објавена во дел од медиумите на 8 октомври.
Според информациите од полицијата, едното возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки го управувал 45-годишниот Б.Ќ. од Скопје, додека зад воланот на „мерцедесот“, исто така со скопски регистарски ознаки, бил 42-годишниот Ј.А. од Скопје.
Од МВР информираат дека против двајцата возачи ќе бидат преземени мерки согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.