(ВИДЕО) Двајца млади битолчани спасија „златен ретривер“ од надојдените води на реката Драгор

Херојски подвиг на двајца млади битолчани кои спасија „златен ретривер“ од надојдените води на реката Драгор со оглед на обилните врнежи. 

Две момчиња од Битола, Даниел и Филип, вчера спасија куче од расата „златен ретривер“, извлекувајќи го од надојдените води на битолската река Драгор.

Двајцата храбри млади луѓе се спуштиле по лизгавиот мост во водите на реката и со заеднички сили успеале да го качат на мостот исплашеното, а прилично крупно куче. Во спротивно, кучето, немаше како да излезе од реката со соѕидано камено корито и сигурно ќе настрадаше во водата.

Нивниот повиг наиде на бројни реакции на одушевување од граѓаните, а видеото објавено од профилот „Бабам Битола“ нашироко се споделуваше на социјалните мрежи.